Дејност
Дејноста на Јавното претпријатие е стопанисување со станбениот и деловниот простор врз кој права, обврски и одговорности во однос на располагањето и управувањето има Република Македонија.
Јавното претпријатие ги врши следниве работи:
-
инвестиционо и тековно одржување на станбениот
и деловниот простор; - подобрување на условите на станувањето во постојните станбени згради и станови;
- утврдување на висината на закупот, односно склучување на договори за закуп на станбен и деловен простор;
- продажба на станбен и деловен простор на Република Македонија;
- водење единствена евиденција на станбениот и деловниот простор со кој стопанисува;
- врши распределба на закупнината по видови на намени;
- организирање, изградба на станбен и деловен простор чиј инвеститор е Република Македонија;
- уредување на градежното земјиште доверено од единиците на локалната самоуправа;
- други работи што ќе ги довери Републиката (субвенционирање на закупнина и слично за што ќе се склучи договор);
- одделни работи за стопанисување на станбениот и деловниот простор и други работи што со договор ќе му ги доверат други заинтересирани субјекти на пазарот.
- и останати дејности утврдени со Статутот на Претпријатието
За својата работа Јавното претпријатие доставува извештај на Собранието на РМ најмалку двапати годишно.
ИЗВЕШТАЈ за работењето за 2009 на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловeн простор на Република Македонија за периодот од 01.01.2009 до 31.12.2009 година
ИЗВЕШТАЈ за работењето за 2008 на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловeн простор на Република Македонија за периодот од 01.01.2008 до 31.12.2008 година