Краток историјат на јавното претпријатие

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија Ц.О. Скопје, својата дејност во својство на правно лице ја отпочна од 1 јули 1994 год.
Седиштето на претпријатието е на ул. "Орце Николов" бр. 138 во Скопје.
Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следните позитивните законски прописи:

  1. Закон за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (Сл.весник бр. 2/94);
  2. Закон за продажба на деловните згради и деловните простории на РМ (Сл. весник бр. 2/94; У. суд - 64/94);
  3. Закон за продажба на станови во општествена сопственост (Сл. весник бр. 8/93; У. суд - 11/93);
  4. Закон за Јавни претпријатија (Сл. весник бр. 38/96, 9/97 и 6/02; У. суд - 19/02);
  5. Закон за домување (Сл. весник бр. 21/98 и 48/00);
  6. Закон за денационализација (Сл.весник бр. 43/00).

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ, согласно Законот за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, во 1994 година ги превзема правата, обврските и одговорностите, опремата, инвентарот, архивата, документацијата, средствата за работа и средствата на фондовите, просториите, како и средствата за станбена изградба и за надоместоците за станбените субвенции во областа на станувањето, станбениот и деловниот простор на РМ, од Самоуправната интересна заедница на станувањето, врз основа на завршен биланс, односно врз основа на делбен биланс со другите основани субјекти за уредување и изградба на станбен и деловен простор, градежно земјиште и друго. Работниците на стручните служби на самоуправните интересни заедници на станувањето и другите основани субјекти за уредување и изградба на станбен и деловен простор, исто така, ги превзема Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ, согласно општиот акт за систематизација на работите и задачите.