Организациона поставеност

За внатрешната организација на Претпријатието одлучува Управниот одбор.
Заради врешење на работите од дејноста во Претпријатието се организира:

- Дирекција

- Подружници со назив Подрачни единици

Претпријатието своето работење го врши преку сектори во седиштето и во Подрачните единици чие седиште се определува со општиот акт за организација и систематизација на Претпријатието.
На организационен план, Јавното претпријатие е составено од 12 Подрачни единици и Дирекција со седиште во Скопје.

Подрачните единици немаат својство на правно лице, но нивните дејности, права и обврски во настапувањето во правниот промет се запишуваат во трговскиот регистар.

Претпријатието работите од својот делокруг ги врши како единствена организационо - правна целина, а заради обезбедување на потребната координација во остварувањето на работите во дејностите на ниво на Претпријатието како целина, се организираат стручни служби во секторите.

Организациона шема на ЈПССДП

Организациона шема на ЈПССДП