Јавни набавки во тек
Оглас број 35-2010 за доделување на договор за јавна набавка (30.07.2010)
Изработка на проектна документација за објект 6.15 УЕ бр. 2 во Македонски Брод
Изработка на КОМПЛЕТНА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, идеен проект, проект за подготвителни работи, основен и изведбен проект со сите фази за изградба на објект 6.15 УЕ бр.2 во Македонски Брод со Социјални станови и деловен простор, од ДУП УЕ 2 Македонски Брод на КП 3239, Г.П 6.15 висина Н=12,00 м, утврдени во Изводот бр. 09-1229/2 од 18.11.2009 год., издаден од Општина Македонски Брод и РЕВИЗИЈА на комплетна проектна документација по сите фази (извршена од реномирано лиценцирано правно лице за вршење ревизија, избрано од страна на Извршителот во согласност со Нарачателот).
Понудите да се достават најдоцна до: 31.08.2010 во 12.00 часот
Оглас број 34-2010 за доделување на договор за јавна набавка (30.07.2010)
Програма за геомеханички истражни работи со ревизија, геомеханички истражни работи со елаборат и ревизија на елаборатот за објекти
Бејбунар Блок 7.10 и Бејбунар Блок 7.11
во Охрид
Изработка на Програма/и за геомеханички истражни работи со ревизија, Геомеханички истражни работи со елаборат и ревизија на елаборатот (во елаборатот да се утврди и изврши категоризација на регистрираниот материјал од дупнатините согласно со важечките прописи) за објекти: Бејбунар Блок 7.10 и Бејбунар Блок 7.11 во Охрид и Ревизија на Програмата за геомеханички истражни работи и на Елаборатот за извршени геомеханички истражни работи, извршена од реномирана овластена организација.
Понудите да се достават најдоцна до: 30.08.2010 во 12.00 часот
Оглас број 33-2010 за доделување на договор за јавна набавка (30.07.2010)
Изработка на проектна документација за објекти: Бејбунар Блок 7.10 и Бејбунар
Блок 7.11 во Охрид
Изработка на КОМПЛЕТНА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, идеен проект, проект за подготвителни работи, основен и изведбен проект со сите фази за изградба на објекти со станови наменети за пазар, Бејбунар Блок 7.10 и Бејбунар Блок 7.11 со катност од П+7+Пк и Н=25,70 м, утврдени во Изводот од План (ЛУПД) бр. 10-1223/2 од 10.06.2010 год. и Извод од План (ЛУПД) бр. 10-1222/2 од 10.06.2010 издадени од општина Охрид и РЕВИЗИЈА на комплетна проектна документација по сите фази, извршена од реномирано лиценцирано правно лице за вршење ревизија (избрано од страна на Извршителот во согласност со Нарачателот).
Понудите да се достават најдоцна до: 26.08.2010 во 12.00 часот
Оглас број 32-2010 за доделување на договор за јавна набавка (30.07.2010)
Изработка на проектна документација за објект Блок К1, У.Е. 27 ул. „Хр. Тодоровски Карпош“
во Пробиштип
Изработка на КОМПЛЕТНА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, идеен проект, проект за подготвителни работи, основен и изведбен проект со сите фази за изградба на објект Блок К1 со катност од П+4+Пк во УЕ 27 на дел од КП 1005/1 на ул. „Хр. Тодоровски Карпош“ во Пробиштип со Станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи, утврдени во Изводот бр. 10-484/6 од 07.06.2010 год. издаден од општина Пробиштип, Одделение за урбанизам, заштита на животна средина и локален економски развој и РЕВИЗИЈА на комплетна проектна документација по сите фази, извршена од реномирано лиценцирано правно лице за вршење ревизија (избрано од страна на Извршителот во согласност со Нарачателот).
Понудите да се достават најдоцна до: 18.08.2010 во 12.00 часот
Оглас број 31-2010 за доделување на договор за јавна набавка (09.07.2010)
Изработка на проектна документација за објект катна гаража 6.7 Мал Ринг во Скопје
Изработка на идеен проект, проект за подготвителни работи, основен и изведбен проект со сите фази за изградба на Катна гаража на Г.П 6.7 „Мал Ринг“ од ДУП Централно Градско подрачје Мал Ринг издаден од општина Центар - Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина, Одделение за урбанизам во Скопје, како и Ревизија на проектната документација (која треба да ја изврши реномирано лиценцирано правно лице, избрано од страна на Извршителот во согласност со Нарачателот).
Понудите да се достават најдоцна до: 24.08.2010 во 12.00 часот
Архива (завршени повици)