Систем на управување на јавното претпријатие

Органи на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ се:

- Управен одбор
- Одбор за контрола на материјално-финансиското работење и
- Директор

Управниот одбор управува со Јавното претпријатие и се состои од 11 члена и тоа: 7 претставници од Републиката и 4 претставници од претпријатието. Членовите на Управниот одбор се именуваат со мандат од 4 години.

Во Управниот одбор, Владата на РМ именува, односно разрешува, претставници од редот на афирмирани и познати стручњаци во областа на предметот на работењето на претпријатието и претставници на вработените во претпријатието.

Управниот одбор избира претседател и заменик претседател од редот на своите членови.

Одборот за контрола на материјално-финансиското работење врши контрола на материјално-финансиското работење на претпријатието. Овој одбор се состои од 5 члена кои ги именува, односно разрешува, Владата на Република Македонија.
Одборот за контрола на материјално-финансиското работење задолжително ги прегледува годишните сметки и извештајот на работа на претпријатието и дава мислење на Управниот одбор. Членовите на Одборот за контрола може да присуствуваат на седниците на Управниот одбор.
Со работата на претпријатието раководи Директорот што го именува Владата на Република Македонија. Директорот се именува со мандат од 4 години.

Раководни работници во претпријатието покрај директорот: помошници на директорот, директори на Подрачни единици и заменик на директорот на Подрачна единица - Скопје. Овие работници ги именува и разрешува Директорот на претпријатието.

Управен одбор

  • Тони Димитриоски, Претседател
  • Ристе Новачевски, Заменик претседател
  • Мери Јаневска
  • Шукри Лимани
  • Ристо Пејоски
  • Киро Тодоровски
  • Славе Гошев
  • Марија Павловиќ
  • Решат Менга
  • Исљам Ибраими

Надзорен одбор за контрола на материјално -финансиското работење

  • Златко Јанкоски
  • Мурат Љамалари
  • Соња Тулиева
  • Кирил Пецаков
  • Ристе Треневски